„Не се клади на енгелзи“ вечерва два пати ќе се игра во Охрид

- Локални
997

Театарската хит комедија на МНТ  „Не се клади на енглези“ предизвика голем интерес кај охриѓани. Поради големиот интерес  на публиката, пред неколку дена од Центарот за култура „Григор Прличев“ информираа дека закажана е уште една претстава за истата вечер. После распродавањето и на втората претстава, „Не се калди на енглези“ љубителите на театарот ќе имаат можност да ја проследат вечерва најпрво од 20:00, а потоа и од 22:00 часот.

Играат актерите на МНТ: Оливер Митков, Сашко Коцев и Александар Микиќ.

„Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.“ – стои во описот на претставата.

Strugaonline

Facebook Коментари