Лев банер Десен банер

„Франс фудбал“ ги објави имињата на првите десет фудбалери номинирани за „Златна топка 2017“

Францускиот фудбалски магазин „Франс фудбал“ во текот на денот ќе ги објави  30-те номинирани фудбалери, кои ќе влезат во трката за  престижната „Златната топка“ за 2017 година. Фановите на најважната споредна работа на светот се во постојано исчекување, а Франс фудбал“ до сега ги објави првите десет номирани фудбалери:

Нејмар, (кој се смета за еден од главните фаворити)  заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Потоа меѓу номинираните  следат и Лука Модриќ од Реал Мадрид, како и неговиот тимски колега Марсело,потоа Пауло Дибала од Јувентус и фудбалерот на Челси, Нголо Канте.

Во втората петторка номинирани се најдоа: голгетерот на Барселона, Луис Суарез, капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос, потоа голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, Филипе Кутињо од Ливерпул и Дрис Мертенс од Наполи.

До вечерва се очекува да бидат објавени и останатите 20 номинирани фудбалери за “Златна топка 2017“

error: