Од 06-ти до 08-ми октомври џудо клубот „Дрим“ од Струга настапи на најмасовниот меѓународен натпревар во Европа „Judo Borsa Open“ кој се одржа во Мостар (Босна и Херцеговина)
На овој натпревар, кој се смета за еден од најквалитетните во Европа, од нашиот клуб учествуваа седум натпреварувачи и освоија пет медали (два сребрени и три бронзени) што преставува огромен успех и е своевиден доказ за квалитетот на струшките џудисти.
Со медали се закитија: Христијан Глогороски – сребро, Доријан Петкоски –сребро, Марио Нелоски бронза, Ана Марија Стојмиловска – бронза и Герасим Кумбароски бронза
„Јас како тренер сум премногу задоволен од постигнатите резултати и од покажаните борби на нашите натпреварувачи“ – вели тренерот Ѓорѓи Стојанов
На натпреварот учествуваа и Берин Сабоски и Михаил Касаноски, но не успеаа да се искачат на пиедесталот.
Strugaonline
Facebook Коментари