Ракометарите на Струга со убедлива победа над Делчево

Ракометарите на Струга после поразот од екипата на Бутел во Скопје, постигнаа убедлива победа против екипата на Делчево во првата лига. Натпреварот заврши со резултат 40:26. Во почетокот на натпреварот екипата на Делчево почна со добар резултат од 1:4, но стружани брзо стигнаа до резултат 4:4 Потоа беше 6:8 за Делчево, и тука застана нивната предност. Струга од тој момент комплетно ја презеде доминацијата во натпреварот стигнувајќи и до +8 .
Вториот дел од натпреварот, не донесе никакви возбудувања, се беше јасно, разликата порасна и на 16 голови за конечни 40:26.
Најдобри во нашите редови беа Цветан Кузманоски со 8 и Томе Нацев со 7 голови, додека кај Делчево се истакна Гоце Ѓорѓиевски со 10 погодоци.

