Зиадин Села и Рамис Мерко ќе се борат за градоначалник на Струга во вториот круг

- Локални
1847

После првиот круг од локалните изброи, резултатите покажуваат дека во вториот круг, за градоначалничката фотеља во Струга ќе се борат кандидатот од редовите  на Алијансата на Албанците Зиадин Села кој освои 9.289 од гласовите и кандидатот на ДУИ Рамис Мерко со 7.916 освоени гласови.

Кандидатот на СДСМ Васил Ашталкоски има освоено 7.140 гласови, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сејад Солакоски освои 4.149 гласови. Кандидатот на БЕСА Лавдрим Елмази ја доби довербата на 1.060 гласачи, а независниот кандидат за градоначалник Насто Палиоски осви 177 гласови.

Извор: ДИК

Facebook Коментари