Лев банер Десен банер

Нови цени на бензините од вечерва на полноќ

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се намалат, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на Еуросупер БС – 95, на Еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар и ќе се точат за 63,51, односно 39,50 денари.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-98 останува иста, 65 денари за литар.

Пораст на цената има единствено кај мазутот кој ќе чини 26,287 денари за килограм.

error: