Лев банер Десен банер

Ракометарите на Струга славеа убедлива победа против Рудар

Ракометарите на Струга лесно стигнаа до нова победа во Првата лига, совладувајќи го Рудар на гости во Пробиштип со убедливо висока разлика од 26:38.Првиот погодок на натпреварот го постигна Ампов и домаќините поведоа со 1:0 за потоа Стружани целосно да ја преземат контролата.

Струга направи серија од 6 голови, за водство 1:6, па се беше полесно. До паузата избраниците на Наум Танески стигнаа до плус 9, 13:22. Вториот дел се играше само формално, до конечните 12 голови разлика, кои беа и највисоки во текот на мечот, 26:38.

Најдобар поединец во гостинскиот тим беше Томе Нацев со 10 голови, а 6 даде Петар Поповски, додека кај домашниот тим се истакна Денис Ампов, чии 14 голови беа премалку за Рудар да се избори за позитивен резултат на овој натпревар.

Извор:24rakomet

Фото: архива

Strugaonline

error: