Жител на с. Лешани заработи кривична пријава – ја претепал сопругата

- Хроника
954

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани.

Пријавенио, казненото дело го сторил во семејната куќа во селото Лешани. Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М.(29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки а потоа применил и физичка сила кон неа, удирајќи ја со ноsе и тупаници по целото тело. Од  силината на ударите, оштетената Г.М. побарала медицинска помош по што била пренесена во  Општата болница во Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари