Зошто китиме елка?

- Занимливо
801

Накитената елка е симбол на новогодишните празници, а малку е познато дека китењето на елка датира уште од стариот Рим.

Постојат неколку теории зошто елката станала општо прифатена и популарна во целиот свет. Во етнолошките записи овој обичај се смета за пагански, а зимзеленото дрво потсетувало дека зимата ќе замине и повторно ќе настапи пролетна.

christmas-tree3

Во Полска елката ја кителе со јаболка, ореви, колачи, шарени хартии, ѕвезди направени од слама, панделки и шарени вафли. Се верувало дека дрвото има магична моќ, која е поврзана со успешна сеидба и успешен род во годината која следи.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Германија, Летонија, Естонија се најзаслужни за обичајот за китење на елка во пресрет на Божиќ. Братството на Црноглавите, носело дрво за време на празниците во своите домови во Талин и Рига. Последните денови на празникот, дрвото се носело на центарот на градот, каде братството танцувало околу него. Елката ја кителе со јаболка, реви, хартиени цветови.

christmas-tree2

По протестантската реформација, елката се китела во повисоките слоеви на општеството, а со тек на време обичајот започнал да се практикува и во пониските слоеви.

germany-tree

Германците започнале да китат елка со скапоцени декорации во 18 век, а воедно се најзаслужни за ширењето на овој обичај во светот. Војниците го пренеле овој обичај во 1815 година во Виена, а во 19 век се раширило и преку океанот се до Русија.

Facebook Коментари