МАКЕДОНСКИ ПОЕТИ НА ПОЕТСКИ СРЕДБИ ВО СРБИЈА И НА САЕМОТ НА КНИГАТА ВО БЕЛГРАД

- Локални
1181

 

Македонските поети Петко Шипинкаровски, Христо Петрески, Мишо Китаноски, Тоде Илијески и Костадинка Коца Ѓорѓевска, од 23 до 27. 10. 2017. ќе бидат дел од поетскиот карван на четириесетина поети и писатели од Србија, Франција,  Германија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Холандија, Црна Гора, Македонија и др земји од Европа.

Под мотото „Враќање кон корените“, учесниците на карванот ќе престојуваат во Ниш, Лисине, Деспотовац и Белград.

За време на карванот, македонските поети ќе настапат на повеќе места на поетските читања, со избор на песни и трудови од своето творештво.

На 26. 10. во 17,00 часот, во Друштвото на писатели на Србија, во Белград, претседателите, на Клубот на писателите „Седумка“ од Франкфурт – Германија Љубиша Симиќ и претседателот на Културниот центар „Бран“ од Струга Петко Шипинкаровски, ќе потпишат Меморандум за соработка и разбирање, што е резултат на веќе воспоставеното пријателство и плодна соработката.

На Саемот на книгата во Белград, на 27. 10, македонските поети Шипинкаровски, Петрески, Китаноски, Илијески и Ѓорѓевска ќе бидат претставени и ќе бидат промовирани нивни книжевни дела, а ќе биде направена промоција и на книжевното списание „Бранувања“ што го издава „Бран“ од Струга.. На поетскиот карван „Враќање кон корените“ македонските поети ќе престојуваат на покана на Друштвото на писателите „Седумка“ од Франкфурт – Германија.

Strugaonline

Facebook Коментари