ЖРК Стружанка го порази фаворитот Металург на сред Скопје

- Локални, Спорт
1275

Девојките од ЖРК Стружанка ја докажаа својата мотивираност и моќ среде Скопје совладувајќи го фаворитот во групата, Металург,  во спортската сала во Автокоманда со резултат 21:22 (10:8)

На последниот натпревар од кадетската женска лига ЖРК Стружанка се враќа со 100% учинок во есенската натпреварувачка сезона каде што го зацвсрти веќе обезбеденото прво место во својата група каде што се наоѓаат Металург, Војнисон Вардар, Кичево 10 и Лихнид 2013.

Стружанки предводени од тренерот Владимир Паноски во Скопје успеаа по негативата која што ја имаа на полувреме од 10:8 да дојдат до целосен пресврт и да го победат фаворитот на свој терен.

Со оваа победа ЖРК Стружанка заминува на зимски одмор како лидер на табелата во Група 1 и е на чекор повторно да се натпреварува на фајлнал фор турнирот кој ќе се одигра на пролет каде што ќе настапуваат најдобрите четири екипи од двете групи.

Стрелци за ЖРК Стружанка на натпреварот беа:

  1. Јоноска Натали 9 погодоци
  2. Затуроска Ивана 9 погодоци
  3. Дурацоска Стефанија 3 погодоци
  4. Домазетоска Теодора 1 погодок

Извор: zrkstruzanka.mk

Strugaonline

Facebook Коментари