Дуелот Вардар – Рајн Некар ќе биде дерби на 8 коло во ЛШ

- Спорт
973

По петте одиграни натпревари во група А од лигата на шампионите Вардар е лидер со девет бодови, и заедно со Рајн Некар се единствени без пораз. Нивниот меѓусебен дуел од 8. коло од страна на ЕХФ е прогласен за дерби на колото. Средбата е закажана за 18 ноември во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Ова ќе биде првпат дуел на Вардар сезонава да биде меч на колото покажувајќи дека Вардар е сериозен тим, а истовремено двете екипи се меѓу најдобрите во група А. Во претходното 5. коло Вардар како домаќин ја победи Барселона со 27-24, а Рајн Некар лесно на домашен терен излезе на крај со ППД Загреб победувајќи го хрватскиот тим со 31-24.
Германците имаат одиграно два нерешени натпревари досега, еден на домашен терен со Барселона, и потоа во гости кај Нант. Пред да дојдат на дуел со Вардар, Германците ги чекаат натпреварите со ПИК Сегед во Унгарија и гостување кај Барселона во Шпанија.

Досега во групната фаза од лигата на шампионите Вардар и Рајн Некар одиграле вкупно шест натпревари. На четири триумфирал Вардар, а на два тимот од Манхајм. Во 2016 година одиграа дури три натпревари, еден на почетокот на февруари (28-27 за Рајн Некар), од сезоната 2015/2016. Потоа есента се сретнаа повторно двапати во групната фаза. На гостувањето во Германија победи Вардар со 33-27, но во реваншот девет дена подоцна Германците возвратија со победа 29-26. Тоа беше и единствениот наш пораз во Скопје во меѓусебните дуели.

Вардар пред дербито со Рајн Некар има две гостувања, едно во Шведска кај Кристијанштад (4 ноември), и потоа во Хрватска кај ППД Загреб (11 ноември).
Европскиот првак Вардар има серија од десет натпревари без пораз, што почна лани со последниот меч од групната фаза токму со Кристијанштад. Потоа следуваа два триумфи во четврт-финалето, два на Ф4 во Келн и уште три во новата сезона.

Извор и фото: rkvardar.mk

Facebook Коментари