Повеќе од 600 домаќинства во Србија поради снегот останаа без струја

- Свет
859

Околу 600 домаќинства во западна Србија денеска останаа без електрична енергија, поради проблемите предизвикани од обилните снежни врнежи што го зафатија реонот минатата ноќ. Според Танјуг, најкритична е состојбата на територијата на општина Нова Варош, каде се очекува стотици семејства да бидат приклучени на електричната мрежа дури во доцните попладневни или вечерните часови. Градоначалникот на Нова Варош Радослав Василевиќ изјави дека електричната мрежа на повеќе места попуштила под тежината на снегот, а на неколку места се лоцирани и урнати електро столбови.

Снегот предизвикаа формирање и на подебела снежна покривка, која во селото Водена достигнала височина и од над еден метар.

Извор: А1он

Facebook Коментари