Центарот на заедницата на Oпштина Струга, објавува повик за учесници на обука на тема ,,Граѓанско учество и партиципативна демократија,,
Обуката ќе се одржи во хотел Дрим од 09-10.11.2017 година. Обуката е наменета за ново формирани месни заедници без изградени капацитети , граѓански организации и граѓани.
Обуката има за цел поттикнување на граѓаните , граѓанските здруженија и месните организации за активно учество во животот на заедницата преку инволвирање во процесот на креирање политики и носење на одлуки на локално ниво.
Теми на обуката :
– Право на учество во донесување на одлуки на локално ниво,
– партиципативна демократија,
– лобирање и застапување
Сите заинтересирани можат да пополнат пријава на следниот линк.
Strugaonline
Facebook Коментари