Маратон на хорор филмови во Охрид
Од денеска до недела во организација на филмската академија од Охрид се одржува вториот маратон на хорор филмови.

Од Филмската академија ветуваат незаборавно дружење. Вечерва ќе има три филмски проекции, а првата е со почеток во 19:00 часот. Во сабота и недела проекции на филмови ќе има во текот на целиот ден со почеток од 11:00 часот.

Филмовите ќе се прикажуваат во амфитеатарот и училниците на Филмската академија во Охрид, а влезот ќе биде слободен.
Извор: ОхридПрес
Strugaonline

