Пријавена тешка кражба во црквата Св.Илија во Радожда

- Локални
1236

Во Полициската станица во Струга, 58 годишно лице пријавило дека во периодот од 29-ти октомври до 1-ви ноември, во црквата „Св.Илија“ (атар на село Радожда) била извршена тешка кражба од страна на непознат сторител.

Според пријавата, сторителот насилно ја отворил влезната врата од задната страна на црквата, се упатил кон иконостасот од каде одзел две табли изработени од резбано дрво и уште три резбани дела, по што го напуштил местото на настанот.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

извор: МВР

фото: архива

 

Facebook Коментари