Компанијата Facebook, откако ја купи анкетната апликација за тинејџери под назив „tbh“, на корисниците на оваа социјална мрежа им овозможува креирање анкети слични на онии кои се веќе присутни на Instagram.
Оваа опција на корисниците им овозможува да креираат анкета која содржи две прашања , а нивните пријатели и следбеници можат да гласаат на News Feed.
Новата можност е достапна на десктоп и на мобилната верзија од Facebook, а освен поставувањето најмногу две прашања овозможено е да се вметнуваат фотографии и GIF-тови со секој одговор.
Важно е да се напомене дека анкетите не се анонимни, така што, личноста која ја креирала анкетата и сите кои гласале ќе можат да го видат вашиот одговор. Исто така, ниту на Инстаграм анкетите немаат анонимен карактер.
Facebook и претходно експеримениташе со анкети, но немаше константен начин кој би функционирал на страници и на стандардни профили.
Сега, откако ја откупи апликацијата „tbh“ која е многу популарна кај тинејџерите, се чини дека било одлучено на оваа опција да се посвети повеќе внимание.
Facebook Коментари