По 20 години сајберпанк пионерите КИБОРГ се враќаат на сцена!

- Забава
1004

КИБОРГ, култното име на македонската cyberpunk музичка сцена кое во музичката архива се запишува и како првиот industrial бенд во Македонија, по 20 години се враќа на сцената и тоа со концерт кој ќе се одржи на 2-ри декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје! Со овој потврден настап во живо, КИБОРГ ја збогатува програмата на ПИН музичката конференција и шоукејс фестивал, организирана во рамки на ТАКСИРАТ!

КИБОРГ започнува кон крајот на минатиот век – летото ’95 во Скопје. Многу луѓе минуваат низ бендот, но поради раната фаза на трансплантација, се појавија проблеми со инфекции, отфрлање на делови и силни воспаленија. По многу жртви, конечната постава беше дефинирана. Направија неколку свирки, фестивали и се разбира, последнато шоу во ’96 со „Young Gods“, кое им обезбеди место во музичката историја. Во 1996 година издаваат лимитирана касета со 6 песни. По 20 години, истите членови повторно се собраат за да продолжат со својот изворен CyberPunk, да проповедаат малку и се забавуваат …

КИБОРГ се: Дарко Јаневски – вокал, Перо Стефановски – гитара, Горан Атанасов – тапани, Влад Каевски – клавијатури.

Концертот на КИБОРГ во Скопје е во рамки на завршната вечер на ПИН – единствената меѓународна музичка конференција и шоукејс фестивал во Македонија која ќе се одржува од 30-ти ноември до 2-ри декември во МКЦ! Со овој меѓународен музички настан, Таксират во Скопје ги претставува врвните имиња од европската музичка индустрија во дневната панел-програма, додека ноќите на ПИН се резервирани за концертите на најпотенцијалните артисти на новата музичка сцена од Европа и регионов. Само во концертната програма, македонската публика ќе има прилика да ужива во повеќе од 20 настапи за време на трите дена на ПИН. Покрај КИБОРГ, веќе се потврдени настапите и на LIARS (С.А.Д. / Австралија), BABA ZULA (Турција), МАРИО БАТКОВИЌ (Швајцарија), IT’S EVERYONE ELSE (Словенија), VIZELJ (Србија), EXCESSIVE VISAGE (Германија), а наскоро ќе бидат објавени уште многу музички артисти и гости на овој настан.

Strugaonline

Facebook Коментари