Стипендиите за образовна размена на Амбасадата на САД во Македонија ќе бидат претставени во Струга и Охрид

- Локални
921

На 15 ноември 2017 година, (среда) во Охрид и во Струга ќе бидат претставени стипендиите за образовна размена на Амбасадата на САД во Македонија. Презентациите ќе се одржат   на Универзитетот за информатички науки и технологија “Свети Aпостол Павле” во 11:00 часот,  на Универзитетот за туризам и угостителство во Охрид во 12:00 часот и  во Американското катче Струга во 14:00 часот.

Презентацијата е наменета за студентите кои се заинтересирани да поминат еден семестар на американски колеџ, да се запишат на постдипломски студии во САД или да спроведат магистерска теза во американска институција, како и за кадрите од тој факултет и други универзитети кои сакаат да ја подобрат својата експертиза и стручност .
Разните програми и стипендии ќе ги презентира г-дин Газменд Иљази, Помошник за образовни работи во Амбасадата на САД во Македонија.

ЗАБЕЛЕШКА: Лицата кои не се државјани на Македонија не ги исполнуваат условите за овие стипендии.

Strugaonline

Фото: Американско катче – Струга

Facebook Коментари