Ракометарите на Струга блескаат во Првата Лига – Совладан и тимот на Партизан во Гевгелија

- Спорт
1328

Ракометарите на Струга заслужено блескаат со победи во Првата Лига. Откако славеа на дерби пресметаката минатото коло против Преспа на домашен терен, избраниците на Наум Танески  го совладаа и составот на Партизан во Гевгелија со 32:34.

Интресен натпревар во кој се  играше гол за гол со 3:3, пред нашите ракометари да се одлепат на 4:10 и до крајот на првиот дел најчесто водеа со разлика од 4 до 6 голови и на пауза заминаа со предност од 14:18. Во второто полувреме домашните предводени од Митревски притиснаа и полека ја топеа предноста.

Во финишот на мечот намалија и на минус 1, во повеќе наврати, имаа и напади за реми, но Струга секогаш погодуваше во следниот напад и не дозволи израмнување. Во последните моменти се влезе со 32:33, пред гостите да погодат и да го затворат мечот со конечни 32:34.

Најдобар поединец кај Струга беше Тодор Јанкуловски со 10 голови, 8 постигнаа Александар Стојанов и Сенад Бајрамоски, додека за Партизан премалку беа 17 голови на Иван Митревски, а имаше поддршка само од Иван Џонов кој даде 7 голови.

Извор: 24rakomet

Фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари