Вчера со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на општина Струга се одржи конститутивна седница на која беше конституиран Советот на општина Струга, а за негов претседавач беше избран Г-дин Ресул Каба, советник од Демократската унија за интеграција.
Новиот претседател Каба пред присутните истакна дека во следните четири години ќе работи во согласност со правилата и деловникот и ќе придонесува за развој, посветла иднина и просперитет на општина Струга како и за граѓаните без разлика на политичката, верска, национална и каква било друга определба
На конститутивната седница, врз основа на уверенијата добиени од Општинската изборна комисија беа потврдени мандатите на 27 -те советници.
Strugaonline
Фото: Архива
Facebook Коментари