Почина Јана Новотна, поранешна шампионка на Вимблдон

- Спорт, Хроника
950

Легендарната чешка тенисерка Јана Новотна почина во 50 година по долгата и тешка битка со ракот.

Новотна најголемиот успех во кариерата го оствари 1998 година кога го освои Вимблдон. Имаше уште 12 Грен слем титули во двојки и четири во микс.

– Јана беше инспирација, и на терен и надвор од него, за сите кои имаа можност да ја запознаат. Нејзината ѕвезда засекогаш ќе сјае во историјата на ВТА, изјави Стив Симон, извршен директор на ВТА.

Новотна во 2005 година влезе во Меѓународната тениска куќа на славните.

Извор: А1он

StrugaOnline

Facebook Коментари