Дебата на тема „Национална стратегија за култура 2018-2022“ утре во Охрид

- Локални
1053

Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес-Охрид во соработка со ЈАДРО Асоцијацијата на независната културна сцена најавува  јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022 во рамките на проектот „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022“.

Настанот ќе се реализира на 23.11 2017 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во салата за семинари во хотелот “Нова Ривиера“ на Кеј Македонија бр. 4, Охрид.

Во Охрид расправата ќе ја отвори претставник од Министерството за култура, по што ќе следи претставување на унапредената верзија на нацрт – стратегијата, како и општа расправа за системската поставеност, главните аномалии, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институции.  Излагачи се: Искра Гешоска, претставик на Јадро која е  член на работната група при Министерство за култура, Донка Барџиева, висок советник за културно наследство на Министерот за култура, Никола Гелевски, независен издавач и автор, активист и уредник на потралот Окно, Дејана Николовска театарски режисер и Илина Арсова, независен уметник и активист.

Модератор на дебатата е Александра Бубевска.

Во рамки на проектот се реализираат јавни расправи и во Битола, Велес и Струга, како и други градови во Македонија во соработка и организација на ЗГ Транзен од Струмица. Дебатите ќе се рализираат во месец ноември со цел на конструктивно и целисходно вклучување на сите засегнати страни во креирањето на стратегијата за културен развој која треба да биде усвоено во декември 2017 година.

Проектот „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022“ го имплементира Јадро – Асоцијација на независна културна сцена во партнерство со своите членки МКЦ – Битола, Стрип центар на Македонија – Велес, К.Ц. Медиа Артес-Охрид и ИНКА – Струга. Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) а се реализира во соработка со Министерството на Култура на Република Македонија.

Strugaonline

 

Facebook Коментари