Пионерките на ЖРК Стружанка ја забележаа втората победа во оваа ракометна сезона на домашен терен против тимот на Алушевски од Скопје со резултат од 15:10(6:7).
ЖРК Стружанка имаше слаб почеток, односно на самиот старт губеше со 3:7 но успеа да ја стопи предноста на противникот и на одмор замина само со еден гол негатива.
Во второто полувреме пионерките со многу поголема мотивираност и желба за победа го покажаа својот квалитет правејќи целосен пресврт против гостите и на стартот од второто полувреме направија разлика која ги однесе во сигурна победа пред домашната публика која од натпревар на натпревар е се побројна на трибините.
Девојките со овој триумф ја запишаа својата втора победа оваа сезона, а до сега имаат и два порази
Наредниот викенд ЖРК Стружанка и гостува на екипата на Макалоски.
Стрелци за ЖРК Стружанка на овој натпревар беа:
- Миладиноска Маријана 6 погодоци
- Голабоска Марија 4 погодоци
- Домазетоска Теодора 4 погодоци
- Дукоска Теодора 1 погодок
Извор и фото :zrkstruzanka.mk
Strugaonline
Facebook Коментари