ЖРК Стружанка денеска на гости славеше во Прилеп – трета победа во низа

- Локални, Спорт
938

ЖРК Стружанка денеска ја постигна својата трета победа во низа оваа сезона, победувајќи на гостински терен против екипата на Maкалоски во Прилеп со резултат 12:17 (7:8). Првото полувреме беше доста неизвесно и се играше гол за гол. Нашите ракометарки на одмор отидоа со еден гол негатива, за во второто полувреме да покажат одлична игра и да постигнат сериозна разлика над домаќинот.Така, ракометарките на Стружанка славеа со 5 голови разлика на крајот од натпреварот.

Пионерките после слабиот старт на оваа сезона каде што имаа два порази на самиот почеток сега таа негатива ја занемарија правејќи хет-трик од победи и моментално имаат три победи наспроти двата порази.

Наредниот викенд ЖРК Стружанка на свој терен го пречекува тимот на Металург 1 каде што е и последен натревар од оваа полу-сезона.

Стрелци за ЖРК Стружанка во Прилеп се:

  1. Миладиноска Маријана 5 погодоци
  2. Петреска Марија 3 погодоци
  3. Домазетоска Теодора 3 погодоци
  4. Голабоска Марија 2 погодоци
  5. Вранишкоска Кристина 1 погодок
  6. Кузманоска Павлина 1 погодок
  7. Ѓоршулеска Роберта 1 погодок
  8. Дукоска Теодора 1 погодок

Извор и фото:zrkstruzanka.mk

Strugaonline

 

Facebook Коментари