Вардар со нов клупски рекорд – 15 натпревари по ред без пораз во ЛШ

- Спорт
1098

Во 10-то коло од групната фаза Вардар постигна уште една победа, овојпат славеше против Кристијанштад со резултат 31-15 (14-8). Овој натпревар Вардар го носи во нов клупски рекорд од 15 натпревари по ред без пораз во ЛШ, и 20 меча по ред сезонава без пораз. Вардар исто така е на чекор поблиску до директен пласман во четврт-финалето на ЛШ.

„Црвено-црните” се единствен тим што на сите натпревари сезонава во ЛШ освојувал бодови. Ова истовремено е највисока победа на Вардар во ЛШ: Досегашниот рекорд ни беше „плус 13″ остварен во 2013 година против Вакер. Вардарци го задржаа првото место на табелата со 18 бода и како лидери ќе ги дочекаат последните четири кола од групната фаза во февруари 2018. Во зависност од исходот на дербито меѓу Нант и Барселона, разликата меѓу Вардар и второпласираниот тим може да биде три или четири бода.

Кога голманот има повеќе одбрани отколку што ривалот постигнал голови тогаш тоа е одлична најава за триумф. Така беше и на натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад каде Арпад Штербик во првото полувреме одбрани 9 топки, а гостите од Шведска постигнаа 8 гола. Вардар имаше предност од 14-8 како најава за освојување на нови три бода на контото и зацврстување на првото место во групата каде ќе остане и ќе ги дочека последните четири натпревари од групната фаза.

Извор и фото: rkvardar.mk

Strugaonline

Facebook Коментари