Металург со пораз го заврши натпреварувањето во Лигата на шампионите во сезона 2017/18. Подобра беше екипата на Спортинг, која го совлада Металург со резултат 31:27 (12:15).
Во текот на натпреварот и кај двете екипи имаше и добра игра но и длабоки кризи, Металург од последната криза во играта не успеа да се извлече и загуби со четири голови разлика.
Металург неоспорно беше подобриот тим во првото полувреме. Лесно поведесо 1:5, уште во 10-та. минута, но подоцна исто така лесно ја испушти високата предност, па му дозволи на Спортинг да поведе со 11:9. Сепак, првото полувреме го доби со убедливи 12:15. Во првите 30 минути Металург одлично одигра во одбрана , со мал број на технички грешки, а релативно сигурно играше и во нападот.
Затоа, пак, второто полувреме мина во хаотична игра на двата тима, со слаби одбрани и неуспешни напади. Ракометарите на Металург очигледно ја загубија свежината, па изредија цела низа на технички грешки, нереализирани напади и лесно примени голови при неформирана одбрана. Спортинг подобро се снајде во таа трка по теренот, па дојде до предност која Металург веќе немаше сили, па и време, да ја достигне.
Извор и фото: rkmetalurg.mk
Strugaonline
.
Facebook Коментари