Време: Облачно и студено со сончеви периоди, се очекуваат максимални 8 степени низ Македонија

- Македонија
711

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж. Повардарието и на исток. Дневната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени. Во наредните два дена ќе преовладува претежно сончево време со студени утра кога температурите ќе се движат во интервал од -6 до 0 степени, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во среда се очекуваат максимални 10 степени низ Македонија.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари