Бесплатно зимување за 1.000 деца во социјален ризик
Министерството за труд и социјална политика почна постапка за прибирање барања на лица корисници на социјална и постојана парична помош, посебен, детски и родителски додаток, како и деца без родители и родителска грижа, за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца за време на зимскиот распуст.

Како што информираат од Министерството за труд и социјала, со проектот е предвидено да се опфатат илјада деца родени во периодот од 2002 до 2007 година или деца редовни ученици кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение и деца корисници на посебен додаток до 26 години.
Услугата ќе се користи од 2 до 17 јануари 2017 година, во три смени од по шест дена, во детското одморалиште „Бегова Корија“ во Крушево.

