Во рамки на програмата за одбележување на празникот на заштитникот на градов, Св.Климент Охридски, вечерва ќе биде отворена традиционалната изложба на Фото клубот „Охрид“ која негува своја традиција веќе 19 години.
Темата на оваа 19-та по ред изложба во чест на Патронот на градот е „Флора и фауна“, а отворањето е закажано за 18:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Фото клубот „Охрид“ постои 18 години, а веќе пет години е член на Фото сојуз на Македонија.
Strugaonline
Facebook Коментари