Денеска (09.12.2017) со почеток во 12:00 часот на Градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи големиот хуманитарен музички перформанс Rock’N’Mob (Хуманитарна Рок Мобилизација) . Професионални и аматерски музичари, бендови, поединци со свои настапи ќе ги привлечат Охриѓани да бидат дел од овој хуманитарен настан и секако да донираат средства за децата од социјално загрозените семејства и ранливи категории од Охрид и Дебарца. Овој настан е во во рамки на одбележувањето на „Св.Климент“, патрониот празник на градот, а има за цел да ја разбуди хуманоста и на дечињата од социјално загрозените семејства да им обезбеди убави и среќни новогодишни празници. Настанот е во организација на охридскиот Црвен крст.
Strugaonline
Facebook Коментари