Временска прогноза: Сончево со умерена облачност и максимални 12 степени

- Македонија
784

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала, а во западните делови умерена облачност. На планините на северозапад ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 12 степени. Oд утре ќе следи затоплување и температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во вторник се очекуваат максимални 15, а во среда 16 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

 

Facebook Коментари