Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ одлучи 16-от вонреден конгрес на партијата да се одржи на 22-ри и 23-ти декември во Валандово. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски кој ја соопшти оваа информација истакна дека е донесена одлука на конгресот да учествуваат 544 делегати и дека списокот ќе биде објавен вечерва на интернет страницата на партијата. Пратеникот Антонио Милошевски соопшти дека оставката на Никола Груевски ќе биде прифатена, бидејќи ја најавил како неотповиклива.
За сега се споменуваат неколку имиња кои би можеле да го заменат Груевски на претседателското столче, но ниту една кандидатура не е официјално потврдена.
Facebook Коментари