Отворен Ден за граѓаните со Комисијата за урбанизам во Струга

- Локални
1011

Центарот на Заедницата на Општина Струга на 15.12.2017 година (петок) со почеток во 13:00 часот во своите простории на улица „Владо Малески“ б.б. (Во зградата на министерство за одбрана) организира : Отворен Ден со Комисијата за урбанизам при Советот на Општина Струга и претставници од Секторот за урбанизам од Општина Струга.

Средбата е отворена за сите заинтересирани граѓани и претставници од медиуми, кои ќе имаат можност да се запознаат со работата на оваа комисија директно да постават прашања како и да продискутира за проблемите и предизвиците во оваа област, а се во надлежност на општината ( урбанистички планови , дозвола за градба , легализација на објекти).

Strugaonline

Facebook Коментари