Седум девојчиња од танцовото студио „Eat the beat“ станаа светски шампиони на танцовиот шампионат кој се одржа во Атина и во Македонија донесоа злато и пехар.
Членовите на групата „Austin Powers”, пак, се закитија со бронза. Го освоија третото место во конкуренција од 29 групи од девет држави.
На Светското првенство во латино шоу, Македонија учествуваше со 120 натпреварувачи од три различни клубови, а со тоа беше втора најбројна држава. Пред Македонија беа Италијанците со околу 500 натпреварувачи, а зад нас домаќините од Грција со 100 учесници.
Победата на девојчињата од танцовото студио „Eat the beat“ значеше и интонирање на македонската химна во спортската сала во Атина, каде што се одржа шампионатот.
Извор и фото: cooltura.mk
Strugaonline
Facebook Коментари