Волонтерите на Црвен крст Охрид во предновогодишна хуманитарна продажна акција

- Локални
1011

Традиционално, како и секоја година во овој период, волонтерите при Црвен Крст Охрид изработија новогодишни сувенири и украси за хуманитарна цел. Сето она што е изработено ќе им биде понудено на граѓаните на Охрид кои ќе можат да ја покажат својата хуманост и желба да помогнат. Имено, деновиве ќе бидат организирани хуманитарни продажни акции, а средствата собрани од тие акции ќе бидат наменети за купување на новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства.

Акциите почнуваат денес од 13:00 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. Волонтерите на Црвен крст Охрид од Програмата за грижа за стари лица ќе ги продаваат уникатните рачно изработени креации.

 

Facebook Коментари