На крај од 2017 година, вистинска пролет во Струга

За време на овој викенд во Струга се чувствува значително покачување на температурите кои се над просекот за овој дел од годината.
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло, особено на повисоките места, на планините и на крајниот југоисточен дел. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од еден до 16 степени.
Утре ќе преовладува стабилно и суво време, претпладне со услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од шест до 13 степени.
Од петок попладне ќе има позначителна промена на времето, со умерен до засилен северен ветер, опаѓање на температурата и локални врнежи од дожд и снег.
Извор: УХМР / StrugaOnline

