Филип Иванов е избран за нов претседател на ЏФМ, Бошко Вељаноски и Димче Шипинкаровски се нови членови на извршниот одбор на ЏФМ
На 24.12.2017 година во Скопје се оддржа редовно изборно собрание на Џудо Федерација на Македонија. (во подолниот текст ЏФМ) На собранието присуствуваа 22 џудо клубови и присутни беа 44 делегати, а се избираа Претседател на ЏФМ, заменици претседатели, извршен одбор и надзорен одбор.

За претседател на ЏФМ се кандидираа Филип Иванов и Зегљуљ Реџепи. Со 25 глаза од 44 делегатри Филип Иванов е избран за нов претседател на ЏФМ.
Но она што е важно за струшкиот спорт и Џудо Клубот ДРИМ Струга е дека во извршниот одбор на ЏФМ кој што после собранието е највисок и извршен орган на федерацијата се избираат 11 членови а од нив двајца се од ЏК ДРИМ СТРУГА. Бошко Вељаноски доби 24 гласа од присутните делегати, а Димче Шипинкаровски беше директно назначен од ново избраниот претседател на ЏФМ, Филип Иванов.


Сето ова ни дава голем мотив и голема одговорност да продолжиме со напорна работа и да го издигнеме џудо спортот и Џудо Федерацијата на Македонија на ниво каде што им е местото. -информираат од Џудо клубот „Дрим“.


ЏК ДРИМ СТРУГА и понатаму ќе продолжи да ги произведува најуспешните македонски џудисти.
Strugaonline

