Важно соопштение од МЈП Проаква за сите правни и физички субјекти

- Локални
1022

Поради зачестени упади во системот на водовод и канализација на МЈП Проаква во подрачјето на општина Струга, поради што се случуваат несакани последици односно оштетување на водоводната и канализациона мрежа, а со тоа и целосен прекин на водоснабдувањето на населението, се известуваат сите правни и физички субјекти пред преземање на такви активности задолжително да поднесат писмено известување во просториите на Дирекцијата МЈП Проаква на улуца Кеј 8-ми ноември бб Струга

„Доколку реално не се пристапи кон горенаведеното приморани сме да преземеме соодветни правни и законски дејствија до кривични пријави “ – велат од МЈП Проаква

Strugaonline

 

Facebook Коментари