Лев банер Десен банер

Отворените чешми се причината за поплавата во училиштето Јосип Броз Тито – водата си течела три дена

Отворените чешми за вода предизвикаа поплава во повеќе училници во основното училиште Јосип Броз Тито во Струга. Водата си течела цели три дена, откако во петокот во градот снема вода. Не се знае точно кој ги отворил славините и колку кубни метри вода истекле напразно, па училиштето ќе треба да си плати и за нив.

Според информациите кои ги објави Аlsat-m, оштетени се многу ѕидови и таванот. Во училиштето има многу влага, а од училниците сè уште се собира вода во кофи. Од видеото поставно на youtube се гледа дека  ходникот плива во вода.

Први кои забележале дека истекува вода од многу места од училиштето биле деца кои си играле во дворот на училиштето. Ја известиле полицијата, а веднаш дознале и од раководството.

Teкстот во целост можете да го прочитате на следниов линк

Извор: alsat-m.tv

error: