Рокот за легализација на градбите без дозвола е до крајот на годинава- ова се потребните документи

Општина Струга ги известува сите граѓани кои поради некоја причина не поднеле барање за создавање на правен статус на бесправно изграден објект, дека од денес се уште е можно да поднесат барање за легализација на градбите без дозвола. Условот за легализација на објектот е да е изграден до 3 март 2011 година.
До шалтерите на општината треба да бидат доставени следниве документи:
– Барање
– Уплатница од 250 денари
– Имотен лист
– Елаборат
– Сметка за електрична енергија или сметка за вода до 3 март 2011 година, или нотарска изјава.
Со последните законски измени, рокот за легализација трае до крајот на годината, како и дополнителен рок за комплетирање на документацијата што може да се направи до крајот на јуни оваа година.
Извор: Општина Струга
Strugaonline

