Лев банер Десен банер

Две лица од Пештани заработија кривични пријави за „незаконит риболов“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Р (60) и С.Р (36) и двајцата од Пештани.

Пријавените, казненото дело го сториле на 28-ми ноември минатата година околу 17:00 часот, кога со кајче управувано од М.Р влегле во водите на Охридското Езеро. Тоа го направиле откако претходно во кајчето ставиле комплетен риболовен алат и две рибарски мрежи, со кои е забранет риболовот согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура. Двајцата пријавени, рибарските мрежи ги фрлиле во водите на Охридското езеро на подрачјето над Пештани, по што уловиле 237 парчиња риба „белвица“ со вкупна тежина од 19 килограми и 615 грама.
Полициските службеници ги затекнале пријавените во момент по излегување од езерските води и изнесување на рибарскиот прибор и мрежите  заедно со уловените риби, информираат од СВР Охрид.

За настанот бил известен дежурен Јавен обвинител, а по наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Охрид, извршен е претрес на пловниот објект и одземени се мрежите и другиот риболовен алат заедно со уловената риба во свежа состојба.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

error: