Денеска во Вевчани започнува една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во нашата земја – ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Со оваа манифестација, Вевчани во својот автентичен и мистичен дух, повторно прераснува во голема отворена сцена подготвена од вевчанските василичари на карневалот познат ширум светот по неговата архаичност и како најголемиот европски фестивал на сатирата! Вевчанци и бројните гости во текот на карневалот кој трае до 14-ти јануари ќе имаат можност да ги видат маските кои до денот на фестивалот се држат во строга тајност и грижливо се подготвуваат цела година.
Прославата на најстариот театар на отворено започнува вечерва со забавниот дел од музичката програма во чии рамки ќе настапат групите ФОЛТИН и PLUTO’S DOUBTS, а кулминацијата на вечерта е загарантирана со диџеј сетот на светски докажаниот, македонски продуцент и композитор КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ.
Strugaonline
Facebook Коментари