Американско катче Струга започнува со серија работилници по електроника, програмирање и роботика

- Локални
1139

Американско катче Струга започнува серија на работилници за усвојување на вештини од областа на електрониката, програмирањето и роботиката.

Од 16 до 19 јануари ќе бидат одржани првите 4 работилници на кои ќе се изработуваат едноставни струјни кола преку интересни рачни изработки.
Минимална возраст за учество е 13 години. Притоа, помладите учесници ќе работат на почетни проекти, додека повозрасните ќе имаат можност да се обидат со попредизвикувачки идеи.

Заради ограничен број на места, за секоја работилница е неопходно пријавување за учество, со пополнување на  формуларот кој можете да го најдете на следниов ЛИНК.
Учеството е бесплатно и сите материјали за работа ги обезбедува организаторот.

Програма:

Работилница 1: Правење на проекти со струјни кола со користење на Electronic Snap Circuits (на 16 јануари, во 13:30 ч.)

Работилница 2: Изработка на светлечки картички/честитки (Light Up Cards) – (на 17 јануари, во 13:30 ч.)

Работилница 3: Изработка на светлечки аксесоари (LED bracelets) – (на 18 јануари, во 13:30 ч.)

Работилница 4: Цртање со светлина (Light Painting) (на 19 јануари, во 18:00 ч.)

 

Strugaonline

Facebook Коментари