Домаќините на Европското првенство (Хрватска) , совладувајќи ја екипата на Исланд, со резултат 29:22 ја остворија втората победа со што си обезбедија пласман во втората фаза.
Според до сега одиграните натпревари табелата во групата А ја предводи токму Хрватска со 4 бодови, 2 има Шведска исто колку и Исланд, а Србија сеуште е без бодови.
Во последното коло утре Србија игра со Исланд, а Хрватска се среќава со Шведска.
Денеска, во нашата група со почеток од 20:30 часот нашите ракометари ќе се потрудат да стигнат до втората победа на првенството во дуелот со Црна Гора.
Во 18:15 минути, Словенија игра со екипата на Германија.
Strugaonline
Фото: архива
Facebook Коментари