Сообраќајна незгода во Охрид – тешко повредена 48-годишна жена

- Локални, Хроника
1058

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случи синоќа во 19:20 часот на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид.

– Во незгодата, 48-годишната Г.С. од Охрид се здобила со скршеница на череп на глава, крварење во мозокот и рана на главата. Повредите биле констатирани откако со возило на итна медицинска помош, Г.С. била пренесена во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, а поради сериозноста на повредите префрлена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Сообраќајната незгода е случена во момент кога, сега тешко повредената, по улицата управувала велосипед марка „Пони“ движејќи се кон кружниот тек со улицата „Момчило Јорданоски“. На критичното место, Г.С. изгубила контрола над велосипедот и со десната бочна страна удрила во задниот дел од паркираното возило и паднала на коловозот.
По овластување на дежурен Јавен Обвинител, на местото на настанот увид извршија полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари