Кривична пријава за директорот на ЈП „Водовод“ од Делогожда поради „даночно затајување“

- Локални
945

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „даночно затајување“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.З. (35) од струшкото село Делогожда како и против Јавното претпријатие „Водовод“ со седиште во истото село.

Казненото дело „даночно затајување“, пријавениот А.З. го извршил во својство на директор на Јавното претпријатие“ „Водовод“. Тоа било констатирано од извршената контрола на УЈП  кога било утврдено дека пријавениот не извршил навремена уплата на парични средства за ДДВ, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за 204.855,оо денари. Во текот на минатата година, од извршената контрола врз фактурите на данок на добивка и данок на додадена вредност за период 2015 /2016 година, било утврдено дека пријавените, приходите паушално ги евидентирале односно врз основа на наплатени средства а не врз основа на издадени фактури. Уплатите биле вршени по пошта, а претпријатието не користело фискален апарат.

Извор: СВР Охрид

Фото: архива

Strugaonline

     

 

Facebook Коментари