Министерот за здравство најави реконструкција на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид

- Локални
960

Министерот за здравство најави решавање и на проблемот со смртноста на новороденчињата и набавката на инсулин.


Министерот за здравство Венко Филипче вчера имаше работна средба со раководителите на здравствените институции во Охрид. Целта на посетата, рече тој, е да се запознае со работата на здравствените установи, преку разговор со нивните менаџерски тимови за проблемите во работењето и начините за нивно надминување.

– Во болницата „Свети Еразмо“ разговаравме за текот на реконструкцијата на објектот, како ќе продолжат градежните активности, како и за потребата на установата од соодветен кадар, едукација и доедукација, зголемување на квалитетот на услугите што се нудат и воведување нови – рече Филипче.

Најави дека градежните активности за реконструкција и изградба на објектот ќе продолжат, како и во насока на изнаоѓање најдобри можности тоа да се спроведе без да се попречува тековното работење на установата. Филипче не кажа дали ќе се реализираат плановите што ги најави претходната раководна гарнитура во Министерството за префрлање на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во рамки на комплексот „Свети Еразмо“.

Што се однесува на проблемот со високата смртност на новороденчиња регистриран минатата година, Филипче истакна дека во тек се интензиви разговори со лекарите во педијатриската служба, во службите за интензивна нега на клиниките за педијатрија и гинекологија така што, рече, во одмината фаза е изготвувањето Стратегија за намалување на смртноста кај новороденчињата.

Целиот теккст можете да го прочитате на следниов линк.

Извор: Охрид 1

Фото: архива

 

Facebook Коментари