ЕП 2018: Во групата 2 победи за Данска и Германија

- Спорт
1038

Првите два натпревари од групата 2 во Вараждин завршија со победи на репрезентациите на Германија и на Данска. И двата дуела беа неизвесни и победникот беше решен во последните десет минути.

Германија ја победи Чешка, која имаше слаба реализиација во последниот период и триумфираше со 22:19.Данска во поголемиот дел од дуелот водеше над Словенија, но отпорот беше скрешен во финишот и Данска победи со 31:28.

На чело на табелата сега со по 4 бодови се Данска и Германија, додека Македонија со натпревар помалку има 3 бодови. Шпанија е на четвртото место со 2, колку што има и Чешка, а Словенија е последна со 1 бод.

Во следното коло , денеска на 21.јануари ќе играат: Германија – Данска (почеток 18:15 часот) и Македонија – Шпанија (почеток 20:30 часот)

Извор: Сител

Фото: Архива

Facebook Коментари