Лос Анџелес клиперс одлично ја почна сезоната, но во последно време оваа екипа игра крајно променливо. Сепак, се чини дека дното го допре на нивното гостување против Хјустон, на кое клиперси претрпеа убедлив пораз од 140-116. Одбраната на тимот предводен од Док Риверс воопшто не функционираше, „ракетите“ предводени од Харден со леснотија го полнеа кошот на гостите од Лос Анџелес, приредувајќи им новогодишно шоу на своите фанови. Харден го заврши мечот со трипл дабл од 30 поени, 13 скокови и 10 асистенции, а одлични беа и „резервистите“ Харел со 29 и Гордон со 19 поени.
Голден стејт рутински ја одработе задачата против Далас, триумфирајќи со 108-99. „Воините“ задачата ја завршија во првите три четвртини, во кои стигнаа до предност од 20 поени, по што гостите само го ублажија поразот со подобра игра во последните дванаесет минути. Кевин Дурант стигна до трипл дабл од 19 поени, 11 скока и 10 асистенции, Томпсон беше најдобар стрелец со 29, додека Кари постигна само 14 поени.
Facebook Коментари